Добра вест: Повредата на Миркуловски не е сериозна!

mec baner

Радоста по ремито со Исланд беше огромна, но голема беше и загриженоста по повредите на Филип Миркуловски и Дејан Манасков, кои се пожалија на болка во мускулот во второто полувреме, па потоа воопшто не се вратија на теренот. Посериозно делуваше повредата на Миркуловски, па токму затоа одлична е веста што пристигнува од нашиот репрезентативен табор – дека не станува збор за кинење на мускулот.

Врз големиот борец вечерва биле извршени детални прегледи, кои покажале дека мускулот не е скинат. Сериозноста на повредата веќе не е толку голема, па реални се шансите Миркуловски да биде во можност да настапи против Норвешка в сабота.

Сепак, повеќе детали околу неговата состојба ќе бидат познати попладнево, откако ќе се види дали тој ќе може да тренира со остатокот од тимот. Во текот на денешниот ден ќе биде обелоденета и дијагнозата на Дејан Манасков, кој исто така се пожали на болка во левиот мускул.

Се вчитува...