Добра вест за Челси – Азар се враќа против Кристал палас

Челси ќе биде засилен за продолжението на сезоната во Премиер-лигата откако Еден Азар објави дека ги надминал проблемите со повредата што го мачеше во последните десетина дена. Најдобриот фудбалер на лондонскиот клуб го пропушти последниот премиерлигашки дуел со Стоук, потоа не настапи ниту на квалификацискиот меч меѓу Белгија и Грција, но според последните информации тој ќе биде во комбинација за настап за следниот меч против Кристал палас.

Во последната седмица бев под третман во мојот клуб. Мислам дека ќе бидам подготвен за наредниот натпревар со Кристал палас“ – објави Азар преку своите профили на социјалните мрежи.

Неизвесно е дали Антонио Конте за овој натпревар ќе го има на располагање Диего Коста откако шпанскиот голгетер заработи повреда на дуелот со Израел, а потоа и на наредниот тренинг на „црвената фурија“. Лекарските прегледи покажале дека не станува збор за скршеница на повредениот скочен зглоб, но прашање е дали Коста ќе може целосно да се рехабилитира за да настапи на лондонската пресметка в сабота.

Се вчитува...