Добра вест за Работнички: Повредата на Илиевски не е сериозна

Деталните лекарски прегледи врз Владо Илиевски донесоа добра вест за Работнички – повредата на искусниот плејмејкер не е премногу сериозна, па долгогодишниот македонски репрезентативец наскоро ќе може да се врати на терените. Паузата на Илиевски надвор од тимот на Работнички нема да биде премногу долга, па овој кошаркар најверојатно ќе може да му помогне на тимот на Марин Докузовски на завршниот турнир од Купот на Македонија, што ќе се игра во Кавадарци во периодот од 17 до 19 февруари.

За среќа, не станува збор за кинење на мускул, туку само за оток на делот од рамото каде добив неколку удари во изминатиот период. Ова секако е добра вест бидејќи паузата нема да биде многу долга, нема да играм викендов, но се наевам дека ќе бидам подготвен да му помогнам на мојот тим за завршницата од Купот на Македонија“ – изјави Илиевски за ЕКИПА.

Работнички најверојатно ќе биде комплетен за завршниот турнир во Кавадарци, со оглед на фактот дека и Мираковски и Тасовски се близу до камбек на терените и ќе можат да му помогнат на својот тим во битката за првиот трофеј сезонава.

Се вчитува...