Добредојде за Чурлинов…најмалите учат во „шева“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Големиот талент Дарко Чурлинов е најмладиот фудбалер кој добил повик во А-репрезентацијата на Македонија. Момчето што има 16 години и осум месеци се очекува утре и да дебитира за сениорскиот национален тим, а денеска го имаше и првиот тренинг со Пандев и останатите поискусни соиграчи. Се разбира, за добредојде, мораше да влезе и во „шевата“…да се запознае со работата. Така е тоа во фудбалот, најмладите први влегуваат да ја бркаат топката.

Македонската фудбалска репрезентација утре, со почеток од 18 часот, на „Телеком Арена“ во Скопје ќе ја пречека Белорусија во пријателски натпревар. По триумфот против Лихтенштајн, избраниците на Игор Ангеловски ќе се обидат да стигнат и до втора победа во низа…

[new_royalslider id=”558″]

Се вчитува...