Добредојдовте во Скопје: УЕФА го промовираше водичот за навивачи за Суперкупот 2017!

Европската куќа на фудбалот го промовираше официјалниот водич за навивачи за Суперкупот 2017 меѓу кој на 8. август треба да се одржи на „Телеком арената“ во Скопје.

Во инфо – брошурата, добредојде на сите навивачи и фудбалски фанови за натпреварот Реал Мадрид – Манчестер Јунајтед им посакуваат претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски и градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски.

Исто така, во официјалниот флаер се содржани основни информации за градот Скопје, како да се пристигне во Скопје, информации за најголемиот македонски стадион, фан зоните и како најлесно да се пристигне на „Телеком арената“…

Инфо-брошурата за навивачи за Суперкупот 2017 може да ја најдете на следниот ЛИНК.

Се вчитува...