Добрите резултати носат подобар рејтинг: Македонија на 85.место на листата на ФИФА

Македонската фудбалска репрезентација забележа голем скок на листата на ФИФА и на најновото издание се наоѓа на 85.место. Ремито со Италија (1-1) во Торино, како и победата над Лихтенштајн (4-0) во Струмица, на „црвено-жолтите“ им донесоа скок од 18 позиции. Ова е најдобар пласман за Македонија на ФИФА-листата по август 2014 година, кога бевме рангирани на 76.место.

Од селекциите кои беа во нашата квалификациска група за СП 2018, Шпанија се наоѓа на осмото место, Италија е 15-та, Албанија падна за пет позиции и сега е на 71.место, додека Израел е 82., три позиции пред Македонија. Аутсајдерот Лихтенштајн се наоѓа на 187. место.

Меѓу најдобрите десет репрезентации, Германија е на врвот, пред Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Полска, Франција, Шпанија, Чиле и пред Перу.

Се вчитува...