ДОГОВОРЕН ТРАНСФЕР: Алиоски потпишува за Лидс јунајтед!

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски и дефинитивно својата фудбалска кариера ја продолжува во англискиот чемпионшиплигаш Лидс јунајтед!

Тоа што беше претходно најавено вечерва и со официјална потврда од повеќе извори од Англија, а пренесено и од швајцарскиот „Тицино“, кои категорично потенцираат дека 25-годишниот Алиоски веќе има дефинитивен договор за преселба на Островот, а деновиве само го очекува официјалната промоција во дресот на еден од најстарите англиски клубови, трикратен шампион во Премиер лигата на Англија.

alioski print

Како што и претходно пренесовме, Лидс јунајтед пред се на инсистирање на менаџерот Томас Кристиансен, кој беше претходно и тренер на Иван Тричковски во АЕК Ларнака, не штедејќи финансиски средства успеа да ги договори услугите на Алиоски кој имаше извонредна сезона во швајцарскиот шампионат.

Алиоски кој потекнува од фудбалската школа на Јанг Бојс, покрај во швајцарскиот прволигаш Лугано, од 2013 до 2016 година настапуваше и за Шафхаузен, а во периодот од 2010 до 2013 година беше дел и од вториот тим на Јанг Бојс. Досега има 13 настапи и еден постигнат погодок за македонската репрезентација.

Се вчитува...