Договорено: Даглас Коста доаѓа во Јувентус!

Јувентус успешно ги финишираше преговорите за ангажман на супер-засилување во своите редови, па во следните неколку дена и официјално ќе го промовира Даглас Коста за свој фудбалер. Преговорите со Баерн Минхен беа накратко прекинати поради хаосот создаден од Дани Алвеш, но откако бразилскиот бек си замина од таборот на „црно-белите“ експресно се седна повторно на маса со баварците, за да биде постигнат целосен договор околу Коста.

Слично како и при претходните разговори за Бенатија и за Коман, формулата е позајмица, со клаузула за откуп на договорот. Така, Јувентус ќе плати 10 милиони евра за да го добие Коста на позајмица во следните две сезони, но италијанскиот првак ќе има и клаузула во договорот според која во 2019 година ќе мора да го откупи Бразилецот од Баерн за дополнителни 30 милиони.

Нема дилеми дека Коста ќе биде супер-засилување за Јувентус, а интересно ќе биде да се види дали неговото доаѓање ќе значи и заминување на Квадрадо, за чии услуги сериозно заинтересиран е ПСЖ.

Се вчитува...