Дојде Нант и ги виде шампионите (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Европскиот шампион Вардар ја покажа силата и на првиот домашен натпревар од Лигата на шампионите. Дојде францускиот Нант, засилен со најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров, но можеше само да ги види шампионите и да даде достоен отпор за една убава ракометна претстава во „Јане Сандански“.

Вардарци годинава имаат малку изменет лик, но кога на голот е Арпад Штербик, а разиграни се и останатите во нападот, Нант сигурно нема шанси…Па, дури и ако дојде во Скопје со ефект од осум последователни победи.

[new_royalslider id=”780″]

Се вчитува...