„Доктор“ Месина бара лек за Србија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Кошарка
19/09/2017 18:29
Фудбал
19/09/2017 12:25
Фудбал
19/09/2017 11:51
Фудбал
19/09/2017 11:20

„Доктор“ Месина бара лек за Србија

„Доктор“ Месина бара лек за Србија

Србија и без бројните ѕвезди делува сигурно во досегашниот дел од Евробаскет 2017, но селекторот Ѓорѓевиќ и неговите избраници се свесни дека и покрај бројните отсуства од оваа селекција се очекува атак на златниот медал. Токму затоа евентуална елиминација во четвртфиналето би била еднаква на фијаско, а победата е императив за српските кошаркари на вечерашниот дуел против Италија (20.30ч).

Големите играчи покажуваат најдобра игра на големите натпревари. Очекувам моите кошаркари да одговорат на овој предизвик“ – изјави српскиот селектор Александар Ѓорѓевиќ.

Притисокот сигурно ќе падне врз Богдан Богдановиќ, кој во отсуство на Теодосиќ и Јокиќ се промовираше во нов лидер на националниот тим.

Сите сакаат големи средби, дури и неутралните кошаркарски фанови. Овој меч е посебен, борба за полуфинале, што носи дополнителна мотивација и концентрација“ – истакна Богдановиќ, кој на досегашните шест средби има просек од 19,3 поени по натпревар.

Белинели е главен играч на Италија, но сепак клучен адут на оваа средба ќе биде селекторот Еторе Месина, кој секогаш знае да постави извонредна тактика за да ги неутрализира противниците. Впрочем, најдобар доказ за тоа е фактот дека оваа селекција во просек прима по 63,2 поени по натпревар, базирајќи ги добрите резултати на цврстата игра во одбрана.

Останува да се види како Месина ќе успее да ги неутрализира главните оружја на српскиот состав, а вреди да се истакне и дека овие две селекции пред околу еден месец одиграа меѓусебен контролен натпревар, што заврши со победа на Србија од 73-65.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.