Докторот го предупреди Ибрахимовиќ: Не се враќај предвреме на теренот

Шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ го најави својот камбек на терените по Нова година, но и доби предупредување од докторите да не го прави тоа порано од предвидувањата. Тоа би можело да биде многу опасно, предупредува докторот што го оперираше, Фреди Фу Хо-Кјонг.

„Како доктор, јас морам да се држам до моите принципи. Има законитости во здравството, а тие велат дека секој организам треба да добие доволно време за комплетно да заздрави и да се врати во нормален циклус. Истото у го препорачав и на Златан Ибрахимовиќ, иако увидов дека има неверојатно здрав организам, а неговото колено наликува дека е дел од 15-годишно момче. Сепак, не би сакал предвреме да се врати на терените, затоа што тоа може да предизвика и несакани последици“, изјави докторот Фреди Фу Хо-Кјонг.

Се вчитува...