Докузовски: Во „Градски парк“ освоивме се што можевме, време е да свртиме нов лист…

Работнички се подготвува да тргне моќно во следниот период, а најавите за изградба на нова сала на местото на кошаркарскиот храм „Градски парк“ е само уште една потврда за долгорочните амбиции на раководството на најтрофејниот македонски кошаркари колектив. Во „Градски парк“ долги години траеше доминацијата на Работнички на македонската кошаркарска сцена, но раководството на клубот со право се подготвува за изградба на мултифункционален објект како нов дом на трофејниот клуб, каков што Работнички дефинитивно заслужува.

Во секој случај ме радува што се размислува на долг рок, бидејќи тоа е визија за еден силен Работнички за периодот што следи. Старата сала „Градски парк“ има огромна историја зад себе, во неа освоивме се што можевме, но време е да свртиме нов лист за уште поблескава иднина. Работнички како бренд во македонската кошарка заслужува модерна сала и сите ние кои сме дел од клубот со нетрпение oчекуваме овој проект на Општина Центар и Градоначалникот Андреј Жерновски што поскоро да се реализира“ – изјави тренерот на Работнички, Марин Докузовски.

Трофејниот стручњак во блиска иднина би требало да го стави својот потпис на новиот договор, по што ќе почне со формирање на играчкиот кадар за новата сезона, во која Работнички ќе атакува на највисок пласман, а воедно и искажува интерес за учество во Лигата на шампионите на ФИБА.

Се вчитува...