Доленец опериран, дефинитивно го пропушта ЕП во Хрватска

Словенечкиот бек во дресот на Барселона, Јуре Доленец, денеска го оперира менискусот на десното колено и според официјалното соопштение од каталонскиот клуб, го очекува триомесечна пауза. Тоа и дефинитивно ќе значи дека Доленец не ќе може да настапи за репрезентацијата на Словенија на претстојното ЕП 2018 во Хрватска.

Словенецот летово се пресели од Монпелје во Барселона каде дојде како замена за Кире Лазаров. Тој со каталонскиот тим потпиша петгодишен договор, а во својата прва сезона во Барселона, досега одигра 18 натпревари на кои постигна 35 гола.

Доленец е еден од клучните играчи во словенечкиот состав и неговата повреда ќе значи дополнителни проблеми за слеекторот Веселин Вујовиќ. Словенија ќе биде првиот противник на Македонија На ЕП 2018, во групата Ц во Загреб на 13 јануари. Покрај овие две селекции, во групата се уште и Германија и Црна Гора. Пласман во следната фаза обезбедуваат првите три селекции во групата

Се вчитува...