Доминација на Мерцедес во квалификациите во Јапонија – Хамилтон прв, Ботас втор!

Британскиот возач Луис Хамилтон постигна најбрзо време во денешните квалификации пред утрешната трка за Големата награда на Јапонија.

Хамилтон со Фетел водеше голем битка за шампионската титула, а денеска оствари и голем чекор напред кога е во прашање победата на патеката „Сузука“. Британскиот возач беше најбрз во квалификациите со време 1:27.319, а зад него заврши клупскиот колега Валтери Ботас, додека трет е Германецот Себастијан Фетел. Понатаму следат Рикаирдо, Верстапен, Раиконен…

Доколку сака да остане со реални шанси за шампионската титула, Фетел мора утре да стигне до победа, а тоа ќе биде исклучително тешко затоа што пред него на стартот ќе има два Мерцедеси.

Утрешната трка за Големата награда на Јапонија почнува од 7 часот.

Се вчитува...