Доминација на Пол Џорџ, Бостон и со 11-та победа по ред

Крилото на Оклахома, Пол Џорџ ја предводеше својата екипа до победа против ЛА Клиперс од 120-111 во еден од синоќешните дуели во НБА лигата во кој постигна 42 поени.

Оклахома со триумфот над Клиперси ја прекинаа низата од четири порази. Вестбрук вчера потенцираше дека не е загрижен поради моменталната форма на својата екипа, па Џорџ синоќа веднаш напаѓачки експлодираше. Расел Вестбрук заврши со 22 поени, а Ентони постигна 14 поени.

На Клиперси не им помогна ниту феноменалната партија на Лу Вилијамс кој постигна 35 поени. Блејк Грифин имаше само 19 поени.

Бостон ја запиша 11-та победа по ред, продолжувајќи ја неверојатната низа со победа над Шарлот од 90-87, во неизвсен меч во кој не беа Гордон Хејворд, Ал Хорфорд, а од игра рано излезе Кајри Ирвинг, кој заработи повреди, по ударот на Арон Бејнс со лакт.

Кемба Вокер беше најдобар со 20 поени и 11 асистенции.

Јанис Антетокуомпо со 28 поени го предводеше Милвоки до победа над Сан Антонио од 94-87 во мечот во кој дебитираше Ерик Бледсо. Освен 28 поени, Јанис имаше 12 скока, пет асистенции и дури четири блокади.

Сан Антонио предводен од Ламаркус Олдриџ со 20 поени и Ману Џинобили со 18 поени, во третиот период успеа од 14 поени негатива да се врати на само три, но на крајот сепак Милвоки по четири претходни порази стигна до триумфот.

Детроит, пак, славеше против Атланта со 111-104, а Индијана со 87-105 победи на гостувањето против Чикаго. Мајами славеше на гостувањето против Јута со 74-84, а Портланд загуби на домашен терен од Бруклин со 97-101. Јусуф Нуркиќ постигна 21 поен, во триумфот на Портланд…

Се вчитува...