Донарума го одбил Реал, трансфер во Интер или Јуве: Никогаш!

Еден од најперспективните млади голмани на денешницата, Џанлуиџи Донарума обелодени кој клуб го одбил во летниот преоден рок, со цел да остане во редовите на Милан. Имено, Донарума одбил преселба во Реал Мадрид, па така ја докажа својата лојалност кон „росонерите“ со потпишувањето на нов договор.

„Сметам дека ја направив најдобрата одлука што потпишав нов договор со Милан, и што одбив преселба во Реал Мадрид. Останав во Милано бидејќи тука е мојот дом, мојата фамилија, а Милан е клубот за кој навивам цел мој живот“, истакна Донарума, а потоа и потенцираше дека никогаш не би ги изневерил фановите така што би направил трансфер во ривалски тим:„Да потпишам за Интер или Јувентус, никогаш, нема шанси“, додаде младиот чувар на мрежата.

Сепак, 18-годишниот репрезентативец на Италија имаше бурно лето, токму поради неговото останување, односно продолжувањето на соработката со клуб од „Сан Сиро“. Советуван од супер-агентот Мино Раиола, Донарума ја одбри првата понуда да продолжување на соработката, што создаде големо незадоволство кај раковоството и навивачите на Калчолигашот, но потоа се согласи на нов договор, но според негови услови.

Новиот договор е значително побогат од првата понуда, а неговата клаузула сега изнесува 70 милиони евра, но таа сума во денешно време не претставува проблем за европските гиганти.

Се вчитува...