Дортмунд е на нозе – Болт крај Ројс, Геце… (фотогалерија)

Усаин Болт во текот на вчерашниот ден пристигна во Дортмунд и синоќа веќе одржа еден тренинг со фудбалерите на Борусија, оние кои не се дел од своите репрезентации за време на оваа пауза.

Најдобриот светски атлетичар на сите времиња не ја крие желбата да стане фудбалер, а раководството на Борусија му даде шанса да ги покаже своите квалитети. Болт се сретна со Марко Ројс, Марио Геце, како и со Вајгл, Шахин… и веднаш покажа дел од својот фудбалски талент.

За денеска е закажан отворен тренинг на кој „милионерите“ очекуваат присуство на околу 20.000 фанови, со оглед на еуфоријата што се создаде во Дортмунд со пристигнувањето на повеќекратниот олимписки првак. Впрочем, само тие што ќе бидат присутни на тренинг ќе можат да го видат на дело напаѓачкото трио Ројс – Геце – Болт во дресот на Борусија… партнерство кое ќе трае 24 часа.

Се вчитува...