Дортмунд купи напаѓач, Обамејанг добива конкуренција

Борусија Дортмунд го договори првото засилување за зимскиот преоден рок. Oд аргентинскиот прволигаш Велез пристигнува Максимилијано Ромеро. „Милионерите“ постигнаа договор за младиот напаѓач за сума од 12 милиони евра, пренесува германскиот медиум „Билд“.

За услугите на 18-годишниот напаѓач се интересираше холандскиот гигант ПСВ, како и бундеслигашот Штутгарт кој стигна до понуда од 10 милиони евра. Фудбалските аналитичари му предвидуваат голема кариера на младиот Аргентинец, сметаат дека Ромеро ќе прерасне во врвен голгетер во наредните неколку години.

Фудбалерот имаше шанса да се пресели во Европа уште пред две години, кога Арсенал го договори трансферот на Ромеро, но повреда на лигаментите на коленото го спречи да се пресели во Лондон како 16-годишен талент.

Се вчитува...