Довициозо и Дукати изненадија на трката во Италија

Возачот на Дукати, Андреа Довициозо славеше на Големата награда на Италија, во шестата трка од сезоната во Мото ГП шампионатот.

Довициозо славеше пред лидерот во генералниот пласман Маверик Винјалес кој не ја искористи пол-позицијата. Италијанецот го донесе Дукати до првата победа на оваа патека по 2009 година.

До пидесталот неочекувано стигна уште еден возач на Дукати, Данило Петручи, додека миленикот на домашната публика, Валентино Роси низ целта мина како четврти.

Петти беше Алваро Баутиста, шестата позиција ја освои актуелниот шампион Марк Маркез, а седми заврши Јоан Зарко, пред Хорхе Лоренцо.

Се вчитува...