Драгиќ со хит изјава за Дончиќ: Луѓе, тој уште гледа цртани филмови!

Репрезентацијата на Словенија вчера триумфираше во фантастичниот четвртфинален дуел против Летонија, на кој Драгиќ и Дончиќ во улога на лидери ја однесоа Словенија во борба за медал на Евробаскетот.

Нивниот капитен, Горан Драгиќ имаше само пофални зборови за неговиот млад соиграч Лука Дончиќ, кој со 27 поени и 9 скока, имаше ноќ за паметење против Летонците.

„Лука е најдобриот кошаркар за негова возраст. Всушност, не само на негова возраст, сметам дека тој е најдобар кошаркар од 18 до 25 години. Има само 18 години, а игра на вакво големо натпреварување, и не само што игра, туку и „гази“ се пред себе. Игра со многу самодоверба, тој е дијамантот на европската кошарка. Нашата земја е пресреќна што има ваков талент, немојте да сме сфатите погрешно, но Лука е уште дете. Тој уште гледа цртани филмови, но кога ќе излезе на терен, едноставно е фантастичен“, изјави Драгиќ.

Се вчитува...