Драгон со едноцифрен пораз за крај на европските квалификации - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
24/02/2017 13:42
Меѓ. Фудбал
24/02/2017 13:18
Меѓ. Фудбал
23/02/2017 20:54
Фудбал
23/02/2017 15:31

Драгон со едноцифрен пораз за крај на европските квалификации

Драгон со едноцифрен пораз за крај на европските квалификации

Македонскиот првак Драгон претрпе и трет пораз за крај на квалификацискиот турнир за влез во Лигата на шампионите, овојпат изразен со едноцифрена гол-разлика. Откако во претходните две кола загубија од Осијек со 14-1 и од Стандард со 11-0, фудбалерките на Драгон попладнево беа поразени од белорускиот првак Минск со 9-0.

Белорусинките беа најдобар тим во групата и заслужено стигнаа до првото место, а воедно и покажаа „милост“ кон македонскиот состав. По почетните триесетина минути резултатот гласеше 5-0 за противникот, по што екипата на Минск заигра далеку порелаксирано, ја ублажи офанзивата, па до крајот на натпреварот постигна уште четири гола, два од нив во судиското продолжение.

Минск упати вкупно 16 удари во рамките на голот на Драгон, наспроти само еден прецизен шут на македонскиот првак, чии резултати на овој турнир се одраз на огромното квалитативно заостанување на женскиот фудбал во нашата земја во однос на останатите држави ширум Европа.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.