Дракслер го кани Месут Озил во ПСЖ

Германскиот интернационалец Џулијан Дракслер истакна дека би сакал да го има за соиграч во ПСЖ својот репрезентативен колега Месут Озил. Тој смета дека Озил би бил огромно засилување за „светците“, а од друга страна сигурен е дека играчот за врска на Арсенал би уживал во животот што го нуди Париз. Дали е ова најава за голем трансфер во летниот преоден рок?!

„Би сакал да играм со Озил секој ден. Тој е неверојатен фудбалер, од него можете многу да научите на секој тренинг. Мислам дека би бил огромно засилување за ПСЖ, а сигурен сум дека и тој би уживал во убавините на Париз“, изјави Дракслер, отворајќи ја темата за трансфер на Месут Озил на „Паркот на принцовите“.

Се вчитува...