Дракслер најдобар играч, Вернер најдобар стрелец на Купот на Конфедерациите

Фудбалската репрезентација на Германија го освои трофејот на Купот на Конфедерациите во Русија, а „панцирите“ ги собраа и индивидуалните награди на овој турнир. Капитенот на оваа селекција на Германија, Џулијан Дракслер, ја доби наградата „Златна топка“ за најдобар фудбалер на првенството.

verner nagrada

Од рацете на Бразилецот Роналдо, пак, наградата за најдобар стрелец ја доби Тимо Вернер, напаѓачот на германската репрезентација. Тој вечерва, во финалето, беше асистент на единствениот гол што го постигна Ларс Штиндл.

Клаудио Браво, голманот на финалистот Чиле, е прогласен за најдобар чувар на мрежата на Купот на Конфедерациите.

Се вчитува...