Драма во Атина: Фенербахче „папаше“ во последната секунда по тројката на Папас!

Панатинаикос извојува повеќе од драматична победа од 70-68 против Фенербахче со поените на Никос Папас во последната секунда од мечот во рамките на 4. коло од Евролигата. Турскиот тим имаше предност во поголемиот дел од мечот, но на крајот дозволи Грците со триумф да стигнат до пресврт.

Фенербахче извонредно го стартуваше мечот преземајќи ја комплетната контрола на играта и резултатот. Па од самиот старт се стекна со предност добивајќи ја првата четвртина со 19-21. Во ист стил гостите продолжија и во вториот период, на крајот од полувремето заминувајќи со предност од 8 поени (36-44).

Но, Грците се разиграа во второто полувреме. Водени од Никос Папас во континуитет ја анулираа предноста на гостите, па во финишот на една минута до крајот стигнаа и до водство од 67-66. Откако во следниот напад Фенербахче преку Луиџи Датоме ја врати предноста, следеше тројката на Никос Папас на една секунда до крајот за конечна победа од 70-68.

Најефикасен во триумфот на грчкиот тим беше Папас со 24 поени, а Ник Калетес запиша 12 поени. Кај Фенербахче Јан Весели заврши со 15 поени, Датоме запиша 13 поени а Николо Мели – 14 поени.

На тој начин, Панатинакос стигна до втората своја победа во Евролигата во четвртиот натпревар, а Фенербахче го запиша и вториот пораз, покрај оние две победи.

Се вчитува...