Драма во Јувентус: Бонучи не се лути на Алегри, туку на клубот…сака да си оди!

Италијанскиот репрезентативец Леонардо Бонучи сака да го напушти Јувентус. Ова е најновиот развој на настаните по караницата што ја имаше со тренерот Масимилијано Алегри, а излезе во фокусот на вниманието по дуелот со Палермо во Серија А. Алегри го казни Бонучи, но дефанзивецот се налутил затоа што клубот не го заштитил, па најавил дека ќе си замине од Торино по завршувањето на оваа сезона.

Бонучи отпатува со тимот за Португалија, каде вечерва „старата дама“ ќе го игра првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Порто, но најверојатно Алегри ќе го остави на трибините. Во одбраната ќе бидат Кјелини и Барѕалји кои се вратија после повредите, но се уште доволно „фит“ за вакви важни натпревари. Сепак, Алегри сака да му покаже на Бонучи дека нема привилегирани фудбалери во неговиот тим и дека тој е човекот што ги носи одлуките.

Развојот на настаните во Јуве будно го следат Манчестер сити и ПСЖ, кои се сериозно заинтересирани да го видат Леонардо Бонучи во своите редови од следната сезона.

Се вчитува...