Дреновац: Соиграчите ми веруваат, тоа ми помогна да погодам кога требаше…

Ѓорѓе Дреновац одигра уште еден одличен натпревар, заедно со Клоф предводејќи го МЗТ Скопје до триумф во мајсторката за шампионската титула против Карпош соколи. Српскиот ас не го криеше задоволството по новиот трофеј, освоен против максимално незгодниот тим од Карпош кој ги намачи „металците“ на патот до шестата круна.

Карпош соколи има одличен тим, игра брза кошарка што не ни одговараше најмногу. Сепак покажавме и квалитет, но и карактер. На неколку минути до крајот губевме со „минус четири“, но тогаш заигравме најдобро. Пресуди нашата огромна желба, пред овие верни навивачи да стигнеме до нова титула. Финалната серија беше исцрпувачка, но ние ја искористивме предноста на домашниот терен за секоја се изборивме со одличните игри во Супер-лигата“ – изјави Дреновац.

За Србинот ова е втор шампионски трофеј со МЗТ Скопје, откако и лани го „металците“ славеше во плејофот, тогаш во финалето совладувајќи го Куманово.

Ова сигурно беше многу потешко. Секако дека и лани не ни беше лесно, особено по оној прв домашен терен од Куманово. Сепак, овојпат против себе имавме навистина силен противник, што е само уште еден доказ за квалитетот на нашата игра“ – истакна српскиот бек во редовите на МЗТ Скопје.

Токму Дреновац беше стрелец на клучните поени, кога со тројка во последната минута го донесе МЗТ на „плус три“.

Од самиот почеток на сезоната ја чувствувам довербата на соиграчите и на тренерите, да земам вакви шутеви во моментите кога се решаваат натпреварите. Тоа ми ја зголеми самодовербата пред тројката. Промашив сличен шут на куп-средбата во Кавадарци, но еве, сега погодив кога беше најзначајно за МЗТ Скопје. На крајот сепак се доаѓа на свое“ – го прокоментира Ѓорѓе Дреновав својот најзначаен шут оваа сезона.

Се вчитува...