Дрогба: Меси не е најдобриот во историјата, има двајца пред него!

И додека многумина сметаат дека Лионел Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња, легендарниот Дидие Дрогба не е еден од нив.

Фудбалерот кој на крајот од сезонава ја завршува својата кариера смета дека од Аргентинецот подобри се двајца ненадминати досега…

„Пред Меси се големиот Диего Марадона и Пеле. Зошто? Поради историските резултати со репрезентациите. Меси е блиску до нови, но уште не ги стигнал“ – вели 40-годишниот Дрогба, кој дополнува дека можеби Меси ќе им се приклучи ова лето.

„Ако со Аргентина стигне до титулата на Светското првенство во Русија тогаш навистина веќе ќе биде дефинитивно голема легенда. Една од трите најдобри во историјата. Но, како и да е, тој дури и утре да одлучи да ја заврши кариерата веќе доволно направи за овој спорт“ – вели Дрогба.

Се вчитува...