Дурант го однесе Голден стејт до 3-0 во серијата со Јута

Кошаркарите на Голдент стејт славеа против Јута со 102-91 доаѓајќи на чекор од пласман во финалето на Западот во НБА плејофот, откако водат и со 3-0.

Вориорси дојдоа до триумф на гостински терен благодарение на Кевин Дурант кој одигра брилијантна партија. Веќе од самиот почеток навестија дека се решени да дојдат до победата, иако Јута успеа да се врати во вториот период и на полувреме успеа да оди и со еден поен предност (50-49).

Во второто полувреме домашните стигнаа и до девет поени предност (62-53), но Голден стејт се враќа на натпреварот и во последната четвртина следи голема битка за победата. При резултат 86-84, пресудуваат тројките на Стеф Кари и Кевин Дурант по што гостите мирно го приведоа дуелот кон крајот.

Кевин Дурант го предводеше Голден стејт со 38 поени и 13 скока, а го следеше Стеф Кари со 23 поени, додека Андре Игудала дополни со 11 поени. Кај Јута најефикасен беше Гордон Хауард со 29 поени. Одлична партија пружи и Руди Гобер со 21 поен и 15 скока.

Четвртиот натпревар исто така се игра во Солт лејк сити, во вторник со почеток од 3 часот по средноевропско време.

Се вчитува...