Душан Тадиќ ќе бира помеѓу Јуве и Наполи

Скаутите на Јувентус и Наполи викендов го следеа српскиот репрезентативец и член на Саутемптон, Душан Тадиќ. 28-годишниот играч за врска воодушеви на последниот натпревар за Србија со еден гол и две асистенции во победата на Грузија со 3-1.

Покрај италијанските гиганти, за Тадиќ се интересираат и Арсенал, Вест Хем и Атлетико Мадрид. Со оглед на тоа дека клаузулата на Србинот е 15 милиони фунти, нема да биде проблем за еден клуб да го ангажира, останува само тој да одлучи каде ќе оди, или пак да остане на „Сент Мери“. Сепак, Саутемптон се познати по тоа што тешко ги задржуваат своите најдобри играчи, па истото важи и за креаторот на нивната игра.

Тадиќ сезонава има постигнато три гола и седум асистенции на 34 настапи за Саутемптон.

Се вчитува...