Душебаев: Одигравме одличен меч, подготвени сме за секој противник

ЕКИПА во Брест, Белорусија

Томас Ѓорѓиевски

Алекс Душебаев по мечот изјави дека е задоволен што Вардар се избори за ново финале во СЕХА лигата, со надежи дека овој пат ќе се заврши победнички Фајнлфор турнир во Брест.

Душебаев вели дека дуелот со ППД Загреб беше решен уште во првото полувреме, кога Вардар постепено ја градеше разликата…

„Одигравме одличен натпревар. Во првото полувреме успеавме да направиме неколку мини серии, па така постојано бегавме од нив резултатски. Во вторите 30 минути ни преостануваше да бидеме концентрирани до крајот и да ја одржиме таа разлика. Тоа и го направивме и мислам дека заслужено ќе играме во финалето. Сигурен сум дека ќе дадеме се од себе да ја освоиме лигата“ – изјави Душебаев, кој натпреварот го заврши со три постигнати гола.

Се вчитува...