Душебајев е дел од дрим-тимот на групата Б во ЛШ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
26/04/2017 19:27
Фудбал
26/04/2017 18:36
Фудбал
26/04/2017 18:03
Фудбал
26/04/2017 18:12

Душебајев е дел од дрим-тимот на групата Б во ЛШ

Душебајев е дел од дрим-тимот на групата Б во ЛШ

Алекс Душебајев е единствениот претставник на Вардар во дрим-тимот од групата Б во Лигата на шампионите, во изборот што попладнево го објави Европската Ракометна Федерација преку својот јутјуб-канал.

„Вардарци“ во голем стил стигнаа до првото место во незгодната група, но сепак имаат само еден свој играч во дрим-тимот, Душебајев како десен бек. Само за споредба, европскиот првак Кјелце има тројца свои претставници, и тоа Агинагалде, Бјелецки и голманот Ивиќ, кој е избран пред Арпад Штербик и покрај одличните одбрани во ЛШ.

Џери Толбринг, кој следното лето ќе го наследи Дејан Манасков во Некар Левен, е избран за најдобро лево крило по добрите игри во дресот на Кристијанштад, а дрим-тимот на групата Б го комплетираат Анди Шмит и Блаж Јанц.

ДРИМ-ТИМ НА ГРУПАТА „Б“ ОД ЛШ

Лево крило: Џери Толбринг (Кристијанштад)

Лев бек: Карел Бјелецки (Кјелце)

Среден бек: Анди Шмит (Некар Левен)

Десен бек: Алекс Душебајев (Вардар)

Десно крило: Блаж Јанц (Целје)

Пивот: Хулен Агинагалде (Кјелце)

Голман: Филип Ивиќ (Кјелце)

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.