Душебајев: Не се откажуваме, целта на Вардар останува фајналфор - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
28/04/2017 21:43
Фудбал
28/04/2017 20:02
Фудбал
28/04/2017 10:08
Ракомет
27/04/2017 21:31

Душебајев: Не се откажуваме, целта на Вардар останува фајналфор

Душебајев: Не се откажуваме, целта на Вардар останува фајналфор

Поразот од Кјелце придонесе „вардарци“ да паднат на третото место во својата квалификациска група, но Алекс Душебајев е оптимист дека „црвено-црните“ ќе одговорат на предизвикот и ќе го подобрат овој пласман до крајот на групната фаза од Лигата на шампионите.

Одигравме добар натпревар, но ни недостигаше ладна глава и малку среќа. Создадовме бројни ситуации, но промашивме голем дел од нив, меѓу другото и поради одличниот настап на голманот Филип Ивиќ. Не бевме успешни кога беше најпотребно, а тим како Кјелце знае како да го казни тоа. Моментно сме трети на табелата, но има уште многу да се игра, а по СП во Франција можат да се сменат многу работи. До крајот ќе се бориме за едно од првите две места на табелата и убеден сум дека ќе успееме, бидејќи тоа ќе ни донесе нешто полесни ривали во следната фаза. Ние не се откажуваме, целта на Вардар останува пласман на фајналфор турнирот во Келн. Сметам дека сезонава сме подобро подготвени за тој предизвик, особено на ментален план. Исто така и имаме повеќе варијанти во играта, како во нападот, така и во одбраната“ – изјави Алекс Душебајев за полските медиуми.

Десниот бек веќе го има договорено следниот трансфер, па по завршувањето на сезонава ќе се пресели токму во редовите на Кјелце, каде тренер е неговиот татко Талант Душебајев.

Имав многу понуди, но го избрав Кјелце бидејќи станува збор за еден од најдобрите клубови во Европа. Присуството на татко ми беше значаен, но не и главен фактор. Сакам да освојам се што може да се освои со Кјелце, но во моментов сум целосно фокусиран на Вардар, да помогнам да ги оствариме високите цели што се зацртани“ – вели шпанскиот интернационалец во дресот на „црвено-црните“.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.