Душко Вујошевиќ кандидат за селекторското столче на БиХ

Тренерот на францускиот клуб Лимож, Душко Вујошевиќ, е еден од водечките конкуренти за селектор на босанската кошаркарска репрезентација. Единствениот проблем околу ангажманот на легендарниот српски стратег, како што истакнуваат босанските медиуми, се финансиските услови, со оглед на тоа дека Вујошевиќ би бил „најскапото“ можно решение.

Вујошевиќ последен пат како тренер на репрезентативно ниво беше кормилар на селекцијата на Србија и Црна Гора во 2003 година, каде на Европското првенство во Шведска беа елиминирани во четвртфиналето од Литванија.

Како можен наследник на Дамир Мулаомеровиќ на листата се наоѓа  и Светислав Пешиќ. Тој веќе имал разговори околу евентуален ангажман со челниците на федерацијата, но засега нема конкретен одговор од поранешниот тренер на Црвезда Звезда.

Во кругот на кандидати се најдоа и легендарниот босански кошаркар, Ненад Марковиќ, тренерот на Игокеа, Драган Бајиќ, како и Ади Беќирагиќ.

Се вчитува...