Два гола на Ди Марија за продолжување на победничката низа на ПСЖ

Пари Сен Жермен ја продолжи победничката серија во францускиот шампионат во трката за титулата со Монако и со Ница. „Светците“ славеа со 0-2 на гостувањето против Анжер, а стрелец на двата гола беше аргентинскиот интернационалец Анхел Ди Марија. Сега ПСЖ има 74 бода, идентично колку и лидерот Монако, кој утревечер на домашен терен го пречекува Дижон.

Анхел Ди Марија го отвори резултатот во 28.минута, со прекрасно изведен слободен удар од 30 метри. Во вториот дел, по еден противнапад Аргентинецот уште еднаш ја затресе мрежата на домашниот тим, за конечен триумф од 0-2.

Angel Di Maria Goal HD – Angers 0-1 PSG 14.04.2017 by dailyfootballkickAngel Di Maria GOAL – Angers 0-2 Paris SG 14… by Football–Live

Се вчитува...