Два гола на Лукас Фереира, Пелистер го доби пелагониското дерби… (ВИДЕО)

Пелистер го доби пелагониското дерби во 10. коло од Првата македонска фудбалска лига славејќи со 2-1 против Победа во Битола.

Битолчани стигнаа до триумфот благодарение на двата погодоци на Бразилецот Лукас Фереира во првото полувреме кој стрелаше во 34. и во 41. минута за водство од 2-0.

Во второто полувреме, Победа и покрај постојаните обиди успеа единствено да го ублажи поразот со голот на Борче Маневски во 89. минута…

Натпреварот почна со задоцнување затоа што гостите допатуваа во Битола само со една спортска опрема. Поради тоа што се совпаѓаше со дел од опремата на „пелистерци“, домашните мораа да ја менуваат опремата за да може дуелот да се одигра.

Се вчитува...