Два меча суспензија за Перишиќ и за Икарди

Шампионот Јувентус го доби синоќешното дерби против Интер (1-0), благодарение на одличниот погодок на Хуан Квадрадо. Целиот натпревар беше исполнет со тензии, а најдебелиот крај го извлекоа играчите на Интер, Иван Перишиќ и Мауро Икарди, кои заработија суспензии од по два меча.

Хрватскиот фудбалер заработи црвен картон во продолжението од натпреварот, додека пак Икарди упати погрдни зборови кон главниот арбитар на мечот, Никола Рицоли. Икарди, исто така ќе треба да плати парична казна од 10 илјади евра, поради тоа што по завршниот свиреж ја шутна топката кон Рицоли, за малку промашувајќи ја главата на главниот судија.

Тоа значи дека, тимот на Стефано Пиоли ќе биде без услугите на овие фудбалери за натпреварите против Емполи на домашен терен и на гостувањето кај Болоња.

Се вчитува...