Две опции за Донарума – Јувентус или Манчестер јунајтед

Џанлуиџи Донарума цело лето си играше со нервите на навивачите на Милан, се чинеше дека сагата заврши со потписот на новиот договор, но неговиот агент Мино Раиола дефинитивно има поинакви планови. Слабите резултати на Милан придонесоа талентираниот голман повторно да се почувствува несреќен на „Сан Сиро“, а Раиола да поднесе барање за поништување на новиот договор што голманот го потпиша пред неколку месеци.

Аргументите „емоционален стрес“ тешко дека ќе држат во целиот процес, со оглед на фактот дека така „потресен“ Донарума ќе инкасира шест милиони евра „нето плата“ за оваа сезона, а згора за тоа Милан го згрижи и неговиот брат потпишувајќи тригодишен договор со него. Сепак, младиот голман ги брои последните месеци во дресот на „росонерите“ со оглед на фактот дека неговата клаузула од 100 милиони евра двојно се намалува ако Милан не обезбеди пласман во ЛШ. Сумата од 50 милиони евра не е проблем за европските гиганти за доведување на врвен голман, но како што стојат работите во моментов, Донарума има пред себе две опции – Јувентус или Манчестер јунајтед.

„Старата дама“ не го крие интересот за овој талентиран чувар на мрежата, уште повеќе бидејќи е достапен за трансфер истото лето за кое Џиџи Буфон најави дека ќе ја заврши кариерата. Јуве своевремено плати богатство за да го донесе Буфон од Парма, а сега „црно-белите“ се подготвени да го сторат истото и за Донарума.

На Раиола повеќе му се допаѓа „планот Б“, или преселбата во Манчестер јунајтед, клуб со кој има беспрекорни односи и кому веќе му ги продаде своите најголеми ѕвезди, Ибрахимовиќ, Погба, Лукаку и Мхитаријан. Тој сигурно ќе притиска за трансфер во Англија, Јунајтед би понудил и поголема плата од Јуве, но за тоа да се реализира најпрвин ќе мора Давид де Хеа да се пресели во Реал Мадрид, сага што трае неколку години, но без конечна завршница.

Се вчитува...