Двејн Вејд доаѓа кај Леброн во Кливленд

Двејн Вејд го напушти Чикаго булс, но ќе го засили Кливленд кавалирс и ќе се обиде да му помогне на својот пријател Леброн Џејмс да ја урне „династијата“ на Голден Стејт вориорс. Се очекува Вејд да потпише едногодишен договор со Кливленд, а тој ќе добие ветерански минимум од 2,3 милиони американски долари. Сепак, многу поважно е што заедно со Леброн Џејмс ќе атакуваат на шампионската титула.

Леброн џејмс и Двејн вејд беа неверојатен тандем во Мајами хит, играа четири финалиња на НБА и освоија два прстени. Вејд претходно и во тандем со Шекил О’Нил беше на врвот на НБА, а сега повторно заедно ќе се обидат да станат шампиони.

Се вчитува...