Двојникот на Меси заврши во полициска станица во Иран

Иранскиот студен, Реза Парастеш, кој стана познат по неверојатната сличност со Лионел Меси, сосема неочекувано заврши во полициска станица во градот Хамадез.

Двојникот на Меси не стори ништо лошо, но полицијата мораше да интервенира откако граѓаните помислиле дека аргентинската мегааѕвезда е дојдена да го посети ова место, по што се создаде огромна мешаница од луѓе кои сакаа да се фотографираат со Парастеш. Тој цело време останал љубезен кон луѓето околу него, но полицајците го однеле во најблиската станица “ за да го вратат редот и мирот низ улиците на овој град“.

Младиот Иранец навистина неверојатно потсетува на асот на Барселона, особено откако и тој и Меси пуштија бради, па сличностите меѓу нив двајца се огромни.

Луѓето ме гледаат како „Иранскиот Меси“ и сакаат да имитирам се што прави Лео. Она што мене ме радува е што каде и да се појавам, луѓето се многу посреќни само што ќе ме видат. Тоа чувство е непроценливо“ – скромно изјавува Реза Парастеш.

mesi dvojnik3 IRAN-FOOTBALL-MESSI

Се вчитува...