Е, ова е трансфер „бомба“: Деле Али во Барселона!

Шпанскиот гигант Барселона тргна во реализација на еден од најголемите трансфери ова лето. Тренерот Ернесто Валверде, по препорака од Меси и Нејмар, решио да тргне по младата ѕвезда на Тотенхем, Деле Али. По неуспешните обиди за Кутињо и за Верати, каталонскиот клуб се надева дека ќе го доведе Деле Али на „Камп Ноу“.

Но, Тотенхем е познат како клуб со кој тешко се преговара, најдобро го знае тоа Реал, за трансферите на Бејл и на Модриќ. Спортскиот директор Даниел Леви потенцира дека нема сума за која 21-годишниот Англичанец може да го напушти „Вајт Харт Лејн“.

Несомнено е дека Али поседува огромни квалитети, и откако е во редовите на Тотенхем игра фантастично. Минатата сезона заедно со Хари Кејн го предводеа тимот од северен Лондон до второто место на табелата, во Премиер – лигата имаше ефект од 18 погодоци и девет асистенции. За потсетување, „петлите“ го купија Деле Али од редовите на МК Донс.

Се вчитува...