Еболата ќе го одложи Африканскиот куп на нации? - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
19/10/2017 21:31
Фудбал
19/10/2017 21:09
Фудбал
19/10/2017 20:54
Фудбал
19/10/2017 20:50

Еболата ќе го одложи Африканскиот куп на нации?

Мароканската влада официјално побара од фудбалската федерација на оваа земја да ја одложи организацијата на Африканскиот куп на нации, кој треба да се одржи од 17 јануари до 8 февруари 2015 година. Причината е енормното ширење на болеста ебола во африканските земји.

Министерството за здравство на Мароко јавно препорача да се избегнуваат собири на поголем број луѓе во земјата, а апелира да не се организираат манифестации со кои во земјата би пристигнале гости од другите африкански држави. Состојбата ќе биде следена и во наредниот период, но многу е веројатно Африканскиот куп на нации да биде одложен. Дел од фудбалерите кои настапуваат во Европа, а настапуваат за овие африкански селекции одбија да се јават на повикот во своите репрезентации, стравувајќи од болеста ебола.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.