„Еден – два“ победа за Ферари, Фетел пред Раиконен во Монако

Германскиот возач Себастијан Фетел е победник на трката во Монако, минувајќи ја патеката низ улиците на овој монденски град за време од 1:44.44.340 часа. Тоа е прва победа за Ферари по 2001 година, кога триумфираше Михаел Шумахер, но исто така и „еден – два“ триумф, со оглед дека на втората позиција заврши Кими Раиконен, кој ја имаше пол – позицијата на стартот.

Трката се одлучи во боксот на Ферари. Во 39.круг, Себастијан Фетел влезе кај механичарите и излезе пред својот тимски колега Раиконен, и возеше без проблеми до целта.

На третото место се пласира Даниел Рикиардо со Ред Бул, а потоа следуваа Валтери Ботас, Макс Верстапен и Карлос Саинц. Луис Хамилтон, кој беше очаен во квалификациите, на крајот заврши на седмата позиција. Трката ја завршија само 13 возачи.

Во генералниот пласман, Себастијан Фетел е водечки со 129 поени, пред Луис Хамилтон со 104…

Се вчитува...