Еден е Федерер: Каква мајсторија на брејк-шанса за Манарино (видео)

Роџер Федерер долго се мачеше да го скрши отпорот на Манарино, а клучен момент на синоќешниот дуел беше токму овој поен, кога Французинот имаше брејк шанса во решавачкиот сет и беше на чекор до сензација – се додека Швајцарецот не одигра извонреден удар со кој се спаси од работ на амбисот.

Федерер го освои својот сервис, веќе во следниот гејм направи брејк и на крајот триумфираше, но како спомен од овој интересен дуел дефинитивно ќе остане оваа мајсторија на швајцарскиот тениски великан.

Се вчитува...