Еден еврогол за два јубилеи на Лео Меси

Лионел Меси беше предводник на Барселона и при вечерашниот триумф над Олимпијакос, а одличната партија аргентинскиот генијалец ја круниса со прекрасен погодок од слободен удар.

Со тоа Меси прослави јубилеј, ова беше негов стоти погодок во европските натпреварувања во дресот на каталонскиот гигант. Од овие 100, пет биле постигнати од слободен удар, а 16 со удари надвор од шеснаесетникот. Педантните статистичари пресметаа и дека од „стотката“ само четири погодоци Меси постигнал со глава, дури 82 со својата посилна, лева нога, а 14 со удари со десната нога.

Воедно, ова беше и јубилеен 50. погодок за Аргентинецот во оваа 2017 година.

Се вчитува...