Еден повик и „магија“ се стори – Манолас ги налути Русите

Костас Манолас требаше да биде едно од главните засилувања на Зенит за следната сезона, грчкиот репрезентативец дури и ги мина лекарските прегледи, но потоа ситуацијата се искомпликува. Како што јавуваат руските медиуми, Манолас во последен момент побарал поголема плата, а откако и тоа му било исполнето, Гркот инсистирал платата да ја зема во евра, наместо во рубли.

Ваквиот став само ги разлутил челниците на Зенит, кои не сакаат ни да чујат за вакви отстапки за било кој фудбалер, па веќе порачале дека доколку нивните услови не бидат прифатени, трансферот ќе пропадне. Сепак, се чини дека Манолас го сака токму тоа, откако Антонио Конте тргна во офанзива за да го доведе во Челси.

Италијанскиот првак се интересираше за фудалерот на Рома на почетокот од летово, но откако интересот се олади Манолас ја прифати понудата на Зенит. Сепак, последните информации велат дека Конте повторно се насочил кон Манолас, кој е многу поевтина варијанта од Ван Дајк (Гркот е достапен за 35 милиони фунти, а Саутемптон за Холанѓанецот бара најмалку 60милиони фунти).

Италијанецот дури и лично го контактирал дефанзивецот на Рома, по што овој почнал да се премислува околу трансферот во Зенит. Последните информации велат дека Манолас се наоѓа на чекор до „Стемфорд бриџ“, трансфер што би требало да се реализира во следните седум дена за конечно да се стави крај на сагата околу идниот клуб на грчкиот интернационалец.

Се вчитува...