Едина Муса го освои 12.место на СП во фитнес

Македонската кошаркарка Едина Муса, која влезе во светот на фитнесот, го освои 12. место на Светското фитнес-првенство во Франција. Светското првенство во фитнес (2017 IFBB WORLD FITNESS CHAMPIONSHIPS) се одржува од 1 до 4 декември во Бијаритс, Франција, а Едина Муса беше единствен претставник од Македонија.

Таа работи како персонален фитнес-тренер, а во Франција ја придружуваше менаџерот Никола Боглев, кој воедно е единствен делегат од Македонија.

Се вчитува...