Единствена можност…Вие и Суперкупот на Европа…сега во ФФМ (ФОТО)

Трофејот за Суперкупот на Европа пристигна во Скопје, а денешниот ден е предвиден за дружење и персонализирање на фановите со овој вреден пехар. Изложен е на плато пред „Куќата на фудбалот“, и сите кои сакаат да направат фотографија за спомен можат тоа да го сторат до 18 часот. Стартуваа најмладите, учесниците на Детската лига на ФФМ, кои денеска на терените на центарот „Петар Милошевски“ играат мечеви, и оваа можност ќе трае во текот на целиот ден, секако, за секој заинтересиран вљубеник во фудбалската игра.

[new_royalslider id=”539″]

Се вчитува...