Една деценија - Лионел Меси! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
17/11/2017 20:24
Фудбал
17/11/2017 15:37
Ракомет
17/11/2017 12:37
Кошарка
17/11/2017 9:55

Една деценија – Лионел Меси!

На 16 ноември 2003 година млад Аргентинец влезе за првпат во игра во тимот на Барселона, на пријателски меч против Порто. Имаше само 16 години и 145 дена и речиси никој не знаеше за Лионел Меси. Клупските челници и тренерите знаеја за неговиот талент, но не беа сигурни како ќе се снајде и во сениорска конкуренција.

Една година подоцна, Франк Рајкард му даде шанса првпат да заигра во Примера, дебитирајќи на мечот против Еспањол на 16 октомври 2004 година, со 17 години и 114 дена. Првиот погодок го постигна против Албасете на 1 мај 2005 година.

mesi vo trofejnata soba

И оттогаш почна фудбалската бајка на волшебникот со топката. Денес Лионел Меси е најдобар фудбалер на планетата, со огромен број титули со Барселона и индивидуални признанија, меѓу кои и најпрестижното, „Златната топка“. Единствено што му недостига е трофеј со Аргентина на Светско првенство, но и таа шанса ќе ја има следната година, на мундијалот во Бразил.

Оваа година се мачи со повредите, но, сепак, неговиот неверојатен фудбалски талент апсолутно не бледнее…

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.