Една фотографија – 1.000 збора: За едни шок, за друг еуфорија! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Академија Пандев беше многу блиску до триумф во дерби пресметката од 16. коло во Првата македонска фудбалска лига против Работнички. Но, само 30 секунди ги делеше „пандевци“ од трите бода кои не дозволи да ги имаат Бразилецот Сержо јуниор со прекрасен гол во 94. минута за конечни 1-1 на „Младост“.

А, мајсторијата на Сержо јуниор очекувано донесе сосема различни расположенија на двете страни. За домашните – шок, за гостите – еуфорија!

[new_royalslider id=”851″]

Се вчитува...