„Едриличарскиот куп Охрид 2017“ како повик за конечно заживување на овој спорт… (ФОТО)

Охридското езеро уште еднаш, празнично вчера, преку „Едриличарскиот Куп Охрид 2017“, беше разубавено со своите „бели украси“, како што охриѓани ги нарекуваат едрилиците.

На регатата учествуваа 16 екипажи (за првпат и еден женски екипаж) од Охрид и од Скопје, дел и со интернационални постави, кои испратија уште еден повик за конечно вистинско заживување на овој спорт кој е со толга традиција во нашиот најголем туристички центар, а кој неправедно изминативе години е оставен на маргините и од Градот и од државата.

edrlicarska regata

„Нашата тенденција е овој куп да прерасне во манифестација препознатлива за градот Охрид и наутичкиот туризам. Жалосно е што го имаме најнеискористениот спортски терен во Македонија – Охридското Езеро, оставен само на ентузијазмот на поединци кои долги години осамено се бориме да ги зачуваме спортовите на вода на нашата спортска сцена“ – вели Стевчо Ставрев, од организацискиот одбор на “Ohrid sailing cup 2017”.

Stevco Stavrev

За Ставрев е крајно позитивно што последнава година бројот на едрилици на Охридското езеро повторно расте, регистрирани се повеќе од 30 вакви пловни објекти, но огромен проблем е што Охрид и по двеипол децении постојани политички ветувања се уште нема своја марина.

„Немаме простор за соодветно чување на пловните објекти. Сите во Охрид се снаоѓаме кој како знае и умее, а иста е ситуацијата и во Струга. Потребна е навистина далеку поголема поддршка и од градот и од државата, посебно и околу делот на инфраструктурата, затоа што овој спорт може и тоа како, од разни аспекти, многу да ни возврати на сите нас“ – дополнува Ставрев, кој е и сопственик на еден од најдобрите клубови за спортови на вода во Македонија, „Акватика“ од Охрид.

 

Се вчитува...